Тренер нападнал судија на одбојкарски натпревар во Кичево

Од:

При одигрување одбојкарски натпревар во Кичево, тренерот на домашната екипа го нападнал вториот судија, информира Министерството за внатрешни работи.

– На 05.03.2021 година, при одигрување одбојкарски натпревар во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Б.Е. (46) од Кичево, тренер на домашната екипа врз вториот судија П.С. (58) од Тетово, соопштува МВР.

Како што известува Министерството, натпреварот е прекинат, а напаѓачот е повикан во полициска станица и против него во согласност со Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари