Трендо, Рангелова и Грчева до последен момент биле во игра за градоначалник на Центар

Од:

Општина Центар до последен момент остана централното незатворено прашање во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Старата болка е една од најголемите желби на двете партии.

Битката за градоначалничката фотелја во 2013, Жерновски ја доби дури по петтиот круг, иако имаше реални шанси, ако некој не ги опоменеше ВМРО-ДПМНЕ да се помират со поразот, да се трчаат и пет олимписки круга.

И сега долго се тактизираше се мереше и премеруваше. И во двете партии имаше тензии, договарања, па како што се слушаше и уцени.

Партијата на Груевски навидум воздржано го чекаше расплетот во СДСМ, кој беше со многу пресврти и исфрлени имиња. Но само навидум, затоа што, како што дознаваме на секој потенцијален кандидат од СДСМ, тие подготвувале кандидат кој ќе му парира. Значи ништо не оставале на случај. За кандидатите Жерновски, Лукаревска, Манчевски, Богдановиќ, се подготвувани Трендо, Рангелова, Грчева, Јовановски.

Сега дефинитивно битката за најградската и најбогата општина ќе ја водат поранешниот кошаркар Дејан Јовановски и страсниот навивач и директор на ПОЦ Саша Богдановиќ. Мечот започнува на 25.октомври, а дали некој ќе постигне тројка во Центар уште во првиот круг ќе се знае на 15. Октомври.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар