Трендафилов: Денеска работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) претпладнево пред Работничкиот дом го почна протестот за повисоки плати и подобри услови за работа.

На Меѓународниот ден на трудот 1 Мај, ССМ го актуализира барањето минималната плата да биде 500 евра, сите останати плати да бидат зголемени за 100 евра и да се почитуваат колективните договори и работничките права.

-Денеска работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат. Денеска протестираме за плата, денеска одиме пред Собрание, Стопанска комора и Влада да кажеме дека бараме 500 евра минимална плата, дека бараме за 100 евра зголемување на сите останатите плати, да бараме почитување на колективните договори за зголемување на платите и дека бараме пристојна плата за секоја работа, истакна Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Од зборното место, членовите на овој синдикат и претставници од други синдикати се упатија кон Собранието, а потоа протестниот марш ќе продолжи кон Стопанска комора и пред Владата за да ги соопштат нивните барања.

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) најави дека нема да учествува на протестот, бидејќи претседателот Благоја Ралповски смета дека во земјава има добар социјален дијалог и дека проблемите „секогаш се решаваат на маса“.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во над 80 земји во светот. Се одбележува на 1 Мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што во 1886 година се одржал во Чикаго на кој се барало осумчасовно работно време. Во 1889 година на основачкиот конгрес на Втората интернационала е донесена Декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации со цел да се подобри нивната положба. Оттогаш во повеќето држави низ светот се одржуваат протестни маршеви.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ССМ одби колективен договор со кој платата на администрацијата ќе се зголеми за околу 40 проценти

Горан Наумовски

ССМ почнува со блокади, ќе го блокира Собранието, а останува и одлуката за генерален штрајк доколку не се зголемат платите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

Дијалогот за платите треба да се води според мерливи показатели, а не според анкети – гувернерот по протестот на ССМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Протест на ССМ во Скопје: Ако не ја зголемите минималната плата, доаѓаме по вашите плати

А1он

(ВИДЕО) Манасиевски: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците