Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

Од:

СДСМ предлага конкретно и остварливо решение за зголемување на минималната плата на 600 евра, кое истовремено предвидува поддршка и за работниците и за компаниите, изјави потпретседателката на партијата, Јована Тренчевска, на денешната прес-конференција.

Според неа, средствата може да се обезбедат преку ребаланс на буџетот и рационално кратење на непродуктивните трошоци, со што би се ослободиле до 200 милиони евра.

„Решението на СДСМ значи поддршка на двете страни – и на работниците и на работодавачите во приватниот сектор. ВМРО да не ги плаши приватните компании и работодавачите“, порача Тренчевска.

Таа истакна дека за зголемување на минималната плата на 600 евра се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 120 милиони евра. Според пресметките на СДСМ, со кратење од 20 до 30 проценти на буџетската ставка „стоки и услуги“, каде што спаѓаат трошоци за возила, мебел, патувања, репрезентации и договорни услуги, може да се обезбедат околу 130 милиони евра.

Дополнителни средства, како што рече Тренчевска, може да се обезбедат и со кратење на ставката „разни трансфери“, односно од хонорари и времени вработувања, со што би се ослободиле уште околу 75 милиони евра.

„Само со кратење во овие категории се обезбедуваат од 130 до над 200 милиони евра. Овие пари се доволни не само за минимална плата од 600 евра, туку и за дополнителна мерка за поддршка на приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите“, изјави Тренчевска, додавајќи дека прашањето е во поставувањето на приоритетите во буџетот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите