Тренчевска: Питачењето не може да се сузбие за еден ден, но ја намалуваме присутноста на децата на улица

Од:

Питачењето на децата е појава која не може да ја сузбиеме за еден ден, меѓутоа ја намалуваме присутноста на децата на улица барем на раскрсниците, кажа министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска одговарајќи денеска на новинарски прашања.

-Имаме протокол за меѓусекторско постапување, односно за постапување на центрите за социјална работа, со министерот за внатрешни работи. Верувам дека колегите од центрите за социјална работа, интервентните тимови се постојано на терен, рече Тренчевска, во одговор на новинарски прашања по промоцијата на Протоколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки, во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје.

Таа најави дека пред да настапи зимскиот период, ќе работат на поголема присутност на тимовите на оние места коишто се најфреквентни, каде често се среќаваат децата на улица.

-Во исто време се разговара и со родителите, да се зајакне нивната свест за да децата наместо на улица ги пуштат во процесот на образование којшто ги тргнува од улицата и ги прави еден ден да бидат граѓани коишто самите заработуваат за егзистенција, додаде министерката.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Владата потфрли, после 7 години има намалување на просечната плата за 1.000 денари

Тренчевска: Од 2017 година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме за 5.309 денари

Предраг Петровиќ

Алек е првото бебе годинава, Меџити се обложил дека ќе биде машко

А1он

Битиќи: Ќе им ги зголемиме платите на судиите кога граѓаните нема да чекаат по шест години за своите предмети

A1on

Тренчевска: Бектеши утре опширно ќе информира за спојувањето на концесиите, рудникот нема да ја растури коалицијата

A1on