Тренчевска: Нашите сограѓани Турци се дел од ризницата на заедници кои живеат во нашата земја

Од:

Северна Македонија никогаш нема да ја заборави подадената рака на пријателскиот турски народ во пресудните историски мигови, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска синоќа во обраќањето на свеченостa организирана по повод 19 мај, Денот на сеќавањето на Кемал Ататурк и празник на младоста и спортот.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, свеченоста со своето поздравно обраќање ja отвори претседателот на Партијата за движење на Турците, Енес Ибрахим.

-Во мое и во име на Владата на Република Северна Македонија го честитам овој значаен празник на сите наши сограѓани припадници на турската заедница, како и на сите припадници на турскиот народ насекаде низ светот. Овој ден е од посебно значење за турската заедница, но и за нас, македонскиот народ бидејќи историското наследство на таткото на модерна Турција, големиот реформатор Мустафа Кемал Ататурк е и наследство со кое и ние се поистоветуваме, меѓу другото и поради неговите корени кои потекнуваат токму од нашата држава, рече Тренчевска во своето обраќање.

Таа истакна дека државата никогаш нема да ја заборави подадената рака на пријателскиот турски народ во пресудните историски мигови. Министерката посочи на тоа дека Турција беше меѓу првите земји кои ја признаа независноста, територијалниот интегритет и суверенитет и истакна дека тоа е непобитен факт, длабоко врежан во историјата на македонската држава.

-Македонскиот народ не го брише минатото, туку се гордее со него. Безвременските дела на големиот Кемал Ататурк денес се оживеани преку културните институции, преку неговиот Музеј во родното место на неговите предци Коџаџик во Центар Жупа, преку спомен собата во Музејот во Битола и Турскиот театар во Скопје. Турскиот јазик е жив во нашата држава и се зборува во училиштата, но за нас е најважно сите деца да си ја негуваат традицијата од најмали нозе затоа во градинките имаме и групи кои учат и се воспитуваат на турски јазик, рече Тренчевска.

Министерката своето обраќање го затвори со искажување на своето уверување за продолувањето на одличните односи меѓу Република Северна Македонија и Турција како и зацврстување и унапредување на взаемната соработка.

Свеченоста продолжи во духот на уметноста со настап од познатиот турски пејач Озѓун, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Не само што нема за плати, со ребалансот ДПМНЕ крати пари и кај лицата со попреченост

Тренчевска: Со фенер да ги бараше понеспособни кандидати за заменици Мицкоски не можеше да најде

Предраг Петровиќ

Тренчевска се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ

Горан Наумовски

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Тренчевска: Ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за пензиите ќе го дестабилизира пензискиот систем

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он