Тренчевска: Најмалку 51% од компаниите, работниците и останати ресурси ќе бидат ангажирани од С. Македонија

Од:

„Најмалку 51% од компаниите, работниците и останати ресурси ќе бидат ангажирани од Република Северна Македонија“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска одговорајќи на пратеничко прашање во врска со ангажираноста на работна сила од државава и наводите од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ за вклученост на само 30% од домашните работници.

„Во делот на законот со кој што велите дека ќе се воведе 12 часа прекувремена работа, никаде во тој закон кој е предлог на пратениците не стои дека ќе бидат ангажирани работниците 12 часа односно 72 часа и никаде не стои 60 часа неделно“, посочи Тренчевска.

Во однос на први мај и дека синдикатот дека бил на нозе, како дел од наративот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојановски, министерката Тренчевска посочи дека тоа се манипулации и лажни вести кои ВМРО-ДПМНЕ ги користи за создавање на хаос во општеството.

Она што е вистината е дека Владата, МТСП и јас како министерка ќе ги штитиме правата на работниците и ќе се почитува секој закон што се однесува на правата на работниците. Она што треба да го знаете дека, за секоја прекувремена работа ќе биде испочитувана одредбата за дневната пауза и неделен одмор односно 24 часовен одмор. Сето тоа ќе биде испочитувано од страна на компаниите од страна на фирмите кои ќе ангажираат работници на коридорот 8 и 10д “, потенцираше Тренчевска.

На крајот од своето обраќање таа се осврна на заложбите на оваа Влада за почитување на правата на работниците, токму со Законот за работни односи.

„Владата и Министерството за труд и социјална политика ќе ги штити правата на работниците и нема да дозволи ниту едно право да биде злоупотребено, се работи за проект што е од стратешки и национален интерес, се работи за прекувремена работа која ќе биде исплатена и која ќе биде дозволена само со писмена согласност од работникот“, порача Тренчевска.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он