ВИДЕО: Траорна атмосфера во Тетово, извлечени телата на загинатите во пожарот

Од:

Траорна атмосфера владее во тетовското маало „Горна чаршија“ каде што изутринава во пожар загинаа мајка и нејзините четири малолетни деца. Екипа на „А1он“ е на терен, но пристапот до опожарената куќа е оневозможен поради увидот кој се уште трае.

На улицата „Гоце Делчев“ се насобрани соседите и семејството на загинатите, кои не можат да поверуваат што се случи.

На местото на несреќата има припадници на полицијата, пожарникари, како и екипа на форензичари од Скопје. Се уште не се знае причината за пожарот кој избувнал изутрината пред 5 часот во домот на семејството Зулбеари. Постојат сомнежи дека настанал или од печката на дрва на која што се затоплувале или пак од неисправна инсталација.

Како што дознаваме, екипите успеале да ги извлечат телата на загинатите од опожарениот втор кат на куќата, кои ќе бидат однесени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Според извори од истрагата, телата не биле целосно зафатени од огнот и постои можност за нивна идентификација.

Од Противпожарната екипа, која што интеревенирала изутринава, велат дека направиле се што е во нивна можност за да го изгаснат пожарот.

Пристигнале веднаш по пријавата, но интервенцијата била отежната поради лошиот пристап до куќата, поради тесните улични и збиени куќи. Поради тоа постоела можност и куќите кои што се лепенки со опжарената куќа, да бидат зафатени од огнот, но за среќа тоа навреме било спречено, вели Ука Алити од Противпожарната бригада.

На местото на несреќата пристигна и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи која изрази жалење на настанот, додавајќи дека целиот случај ќе биде истражен.

Во огнената стихија која го зафатила нивниот семеен дом на улицата „Гоце Делчев“ успеале да се спасат свекорот и свекрвата, кои спиеле на долниот кат од куќата. Тие успеале навреме безбедно да го напуштат домот кој бил зафатен од огнените јазици. Во моментот кога се случила трагедијата мајката била сама со нејзините деца на горниот кат од куќата, додека нејзиниот сопруг бил на работа. Како што дознава А1он, во пожарот ги изгубиле животите деца на возраст од 6, 9, 12 и 14 години.

Обвинител од Тетово повика тим од форензичари од Скопје и екипа од ЕВН да помогнат во увидот со цел да се утврди што навистина се случило во куќата.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Маж од Тетово заработи кривична од МВР откако ја истепал сопругата

Адвокатска комора: Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во државата

Пожар во канцеларија на Адвокатска комора

Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица

А1он

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП