Македонија меѓу најкорумпираните држави во светот според Трансперенси Интернашнл

Од:

 

Трансперенси Интернашнл  објави нов индекс на перцепција за корупцијата во државите.

Во нивната анализа се опфатени 180 држави во светот според тоа колку тие се бореле против корупцијата.

На врвот на листата според корупција се африканските држави.

Сомалија, Јужен Судан, Сирија, Јемен и Венецуела се држави со највисоко ниво на корупција според Трансперенси Интернашнл.

Скалата на оценување започнува од  0, за најмногу корумпирани и оди до 100, за најмалку корумпирани држави.

Од Европа, најмалку корумпирани се државите од Западна Европа, како: Германија (80), Холандија (82), Норвешка (84), Швајцарија (85), Шведска (85) и Финска (86).

Состојбата на Западен Балкан, од друга страна е поразлична, тоа е регион со најголема корупција во Европа.

Според индексот на организацијата, Косово и БиХ (36) се најкорумпирани држави, а веднаш по нив доаѓа и Македонија (35) која е 106та на листата од вкупно 180 држави.

Тоа е пад за едно место, во споредба со 2018 година кога државата го завзема 107 место со Виетнам и Етиопија.

Од регионот, најмалку корумпирана држава  е соседна Грција (48) која се наоѓа на 60 место во свет.

 

Би можело да ве интересира

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

Захарова: Европски претставници беа дел од корупциските шеми во Украина

Горан Наумовски

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи