По издавањето меѓународна потерница за апсењето на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, Трансперенси интернешнал од Македонија и Унгарија, ги повикаа унгарските власти да го екстрадираат Груевски од Унгарија, каде што тој моментално бара азил во обид да ја избегне затворската казна за корупција.
„Оваа ситуација е голем тест за македонската и унгарската власт и треба да се реши во согласност со унгарскиот закон”, вели Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија.
„Двете држави треба да го поддржат владеењето на правото и Никола Груевски мора да одговора пред институциите и граѓаните на Македонија за неговите корумпирани дела за време на премиерското време“, рече Патриша Мореира, генерален директор на Транспаренси Интернешнл.
„На ниту еден политичар не треба да му биде дозволено да се извлече од обвиненијата за корупција, особено откако судовите јасно одлучија во корист на правдата”, вели Мореира.
„Унгарските власти треба да дејствуваат според европските и меѓународните судски прописи и стандарди. Откако еден политичар ќе биде осуден од независен суд, ниту една од владите не треба да им обезбеди избегнување на правдата и неказнивост “, додаде Јозеф Петер Мартин, извршен директор на Транспаренси Интернешнл Унгарија.
Транспаренси Интернешнл и нејзините секции во Македонија и Унгарија ги повикаа унгарските власти да ја исполнат својата посветеност на меѓународната правда со екстрадирање на поранешниот премиер, помагајќи на тој начин Груевски да се соочи со правда за неговите корумпирани активности.