Транспаренси издвои неколку уредби со законска сила кои содржат ризик од корупција

Од:

Транспаренси Интернешнел Македонија ги следи и анализира уредбите со законска сила донесени од Владата на РС Македонија од аспект на ризик од корупција. Во овие рамки, а од почетокот на прогласената вонредна состојба, од ТИМ истакнуваат дека се издвоени неколку уредби за кои укажуваат дека во себе содржат ризик од корупција, што ќе се има во предвид при натамошно следење на нивното спроведување.

Станува збор за Уредбата со законска сила за примена на законот за заштита на наслението од заразни болести во време на вонредна состојба, Уредбата со законска сила за јавно обвинителски службеници, истражителите и другите вработени во јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и за финансирање на јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите. Трета е Уредбата со законска сила за интервентна набавка на респираторни машини за време на вонредна состојба – предност при изборот им се дава на оние понудувачи кои најбрзо ќе достават респираторни машини кои ја исполнуваа спецификацијата, а четврта е Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за внатрешни работи за време на вонредна состојба.

-Следењето на спроведувањето на овие уредби ќе се одвива преку барање за слободен пристап до информации од јавен карактер. При тоа, укажуваме и бараме од сите надлежни органи и институции навреме самите да објавуваат редовни и ажурирани информации за постапувањата во врска со овие уредби, да се изготвуваат редовни извештаи кои ќе бидат објавени на веб страната на Владата и на надлежните органи. Исто така бараме Владата да обезбеди навремено постапување по барањата за пристап до информации од јавен карактер, затоа што во овој период истото се одвива со големи задоцнувања, соопштија од Транспаренси.

Дополнително, од таму велат дека во интерес на градење на доверба од граѓаните во однос на располагање со буџетот и другата финансиска и нефинансиска помош добиена во услови на оваа вонредна состојба, бараат Владата претходно да ги објавува политиките за прераспределба на буџетски средства како износот, количината и распределбата и сите донации кои се добиени од било кој извор.

Би можело да ве интересира

По заканите Петровска побарала обезбедување, пред неа истиот се заканувал и на судијка

Предраг Петровиќ

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Дупки и недоследности во пријавувањето сопственост и интереси на функционерите на патот на откривањето корупција

„Корупцијата е прифатлива за голем дел од граѓаните, а борбата во таква ситуација е потешка“

Рокас: Корупцијата е голем предизвик за земјата, потребна е забрзана промена за постигнување на реформите