Тракторист загина во сообраќајката кај Трапчин Дол

Од:

Во сообраќајката што утрово околу 9.30 часот се случи кај Трапчин Дол на патот Кичево – Гостивар, загина тракторист роден во 1959 година од кичевското село Грешница.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски изјави дека несреќата се случила кога сега починатиот управувајќи трактор излегувал од селски пат за да се приклучи на магистралниот.

Во тој момент во него удрило патничко возило „Ауди“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од возач од кичевското село Зајас, роден во 2000 година.

Димоски додаде дека увидот на местото на несреќата е завршен и сообраќајот на магистралниот пат Кичево – Гостивар е нормализиран. Тој беше целосно во прекин од 9.50 до 12.10 часот.

Би можело да ве интересира

66-годишен маж загина во несреќен случај во близина на Струмица

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски