Тракторист загина во делчевско Габрово

Од:

Во несреќа со трактор загина 42-годишен жител на делчевското село Габрово. Според информациите од СВР Штип, несреќата се случила вчера кај месноста Кремењача во атарот на селото Габрово.

– До несреќата дошло откако Б.Д. роден 1975 година кој го управувал тракторот и кој бил со приколка и натоварен со дрва, изгубил контрола врз него, па тракторот се превртел при што Б.Д. паднал од тракторот, а врз него паднало левото задно тркало. Б.Д починал на самото место, истакна Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.

Таа истакна дека надлежните извршиле увид на местото на несреќата, а телото на починатиот е предадено на семејството.

Според очевидци, Б.Д. бил на сеча на дрво заедно со татко му и уште ден роднина. Инаку, во регионот ова е втора несреќа за неколку дена при сеча на дрва. На 9 септември при сеча на дрва во беровското село Владимирово загина 50-годишен сечач на дрва од Берово.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип