Тракторист прегазил возач на мопед

Од:

Вчера во 09,33 часот на ул.„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија трактор “имб“ со велешки регистарски ознаки управуван од Џ.С.(48) од Гевгелија удрил во мопед “томос апн 6“ без регистарски ознаки управуван од З.П.(72) од Скопје.

Од здобиените повреди при незгодата, З.П. починал на лице место, а од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на Одделение за внатрешни работи Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Почина 34-годишник во сообраќајка на патот Виница – Берово

А1он