(ВИДЕО) Трајковски: Власта веднаш да ги тргне рацете од МРТВ

Од:

Пред МРТВ, поранешниот генерален директор Слободан Трајковски рече дека морал да замине од телевизијата во 2010, па и со 100 евра казна на платата. Трајковски порача дека народот не се собрал пред МРТВ ниту да влегува внатре, ниту да се заканува, туку да укаже дека јавниот сервис мора да ја исправи својата уредувачка политика. Тој упати три пораки од прек ТВ куќата во која го помина целиот работен век.

Првата ја упати до сите новинари, сниматели монтажери, да не останат послушници на режимот и да се ослободат, да не молчат и да не станат партиски војници кои ќе ги исполнуваат директивите на власта.

Втората порака се однесуваше до раководството на телевизијата кое послушно ја претвори наместо во јавен во партиски сервис. Трајковски рече дека за МРТВ плаќаат сите граѓани.

Третата порака се однесуваше на партијата на власт, да ги тргне своите раце од јавниот сервис и да остваи професионално и објективно да си ја врши својата работа.

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија