Трајковски: Делчево на годишно ниво за улично осветлување штеди до 80 проценти енергија

Од:

Преку проектите за заштеда на енергија, на годишно ниво Делчево штеди енергија и до 70 проценти на јавното осветлување, како резултат на претходната замена на старото осветлување на живини светилки, со 760 нови лед светилки.

Ова денес го истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој рече дека заштедата на електрична енергија продолжува со поставувањето на фотоволтаици на три институции во градот.

– Со поставување на фотоволтаици во административната зграда и во двете делчевски деветолетки, добиваме значајна заштеда на електричната енергија со што директно ќе се намалат трошоците на Општината. Истовремено со овој проект ќе се зголеми и бројот на користени обновливи извори на енергија во Делчево, рече Трајковски.

Фотоволтаичните системи во делчевските установи се поставуваат како дел од Програмата за подобрување на инфраструктурата во руралните средини, поддржана од Европската Унија и имплементирана од Министерството за финансии, а администрирана од Светска банка. Државата, од ЕУ за развој на руралната инфраструктура за овие активности обезбеди средства во висина од 15,5 милиони евра. Вкупниот износ на рограмата вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата, изнесува 20 милиони евра

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Глинџарски: Со јасен план за развој продолжуваме да го градиме Делчево

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајковски: Промени во Кисела Вода, Орце беше администратор на лаги – ништо не направи

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки