Трајко Вељаноски во САД

Од:

Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски е во посета на САД.

Вељаноски денеска во Њујорк, ќе се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, а утре и со претседателот на Генералното собрание на ОН Вук Јеремиќ.

Во Вашингтон, Вељаноски ќе присуствува на традиционалниот Молитвен појадок, кој го приредува американскиот претседател Барак Обама, а предвидено е да се сретне со претседавачот на Комисијата за поддршка на демократијата во Претставничкиот дом Дејвид Прајс и со други конгресмени, сенатори и претставници на Стејт департментот.

Претседателот на Собранието ќе се сретне и со претставници на Обединетата македонска дијапора и на организации на албанската заедница од Македонија во САД.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска