(ВИДЕО) Трајчева: Возраста не ги спречила професорите да бараат секс, за сега да биде олеснителна околност за казните

Од:

Обвинителката од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Ивана Трајчева, која го застапуваше предметот „Еразмус“, по пресудата рече дека ќе почека писмен поднесок за потоа да одлучи дали ќе се жали на повисокиот суд за одмерените казни. Трајчева нагласи дека возраста на професорите не може да биде олеснителна околност за тие да добијат помали казни, бидејќи, истата таа возраст не ги спречила да бараат пари и сексуални услуги од студенти.

„По однос на казните, би почекала да видам кои отежителни односно олеснителни околности ги ценел при одмерувањето на казните кои беа огласени за виновни. Она што судот го напомена, што била олеснителна околност при одлучувањето, тоа е возраста, тука морам да кажам дека возраста може да биде олеснителна околност бидејќи истата таа возраст не ги спречила обвинетите да ги бараат сексуалните услуги и да бараат парични средства за да се положат испити. Треба да се има во предвид дека станува збор за професори, луѓе кои уживаат посебен углед во општеството и кои треба да образуваат академски граѓани. Што станува ако академските граѓани се образуваат на овој начин, со плаќање испити или давање сексуални услуги, што е многу полошо“, рече Трајчева.

Запрашана за ослободителната пресуда која судот ја изрече за префосорот Стојан Дебарлиев, обвинителката рече дека останува на она што го пишува во обвинението. За жалба во однос на ваквата одлука од судечкиот совет, ќе одлучи откако писмено ќе ја добие пресудата.

„Очекував да биде донесена осудителна пресуда и тоа за сите обвинети, имајќи во предвид дека Обвинителството остана до крај на она што го пишува во обвинението. Доколку Обвинителството нема доволно докази за било кој од обвинетите, еве во случајот за обвинетитот Стојан Дебарлиев, тогаш ќе се откажеше од кривичен прогон против него при давањето на завршниот збор. Но, бидејќи јас останав, сметам дека во текот на постапката, се изведоа доволно докази за да се докаже дека го направил делото кое му се става на товар. Сепак, ние ќе почекаме да добиеме писмен примерок од пресудата, за да видиме дали ќе поднесеме жалба или не, додаде Трајчева.

Професорите Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски и Драган Денковски се виновни, одлучи судот во случајот „Еразмус“. Првообвинетиот Шуклев доби казна затвор од две години за примање поткуп. Обвинетиот Драги Јанев за кој судот кажа дека исто како Шуклев барал сексуални оценки од студентки за да пише преодни оцени, осуден е на две години и шест месеци затвор. Професорот Славе Ристевски е исто така осуден на две години и шест месеци затвор. Условно осуден е и демонстраторот на Економскиот фекултет, Драган Денковски кој бил посредник меѓу студентите и професорите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра

(ВИДЕО) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?