Трајановски: Жителите на Скопје ги препознаваат делата

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за Град Скопје Коце Трајановски денеска изрази благодарност за големиот одѕив и за добиените 135 илјади гласови на локалните избори што се одржаа на 24 март.

– Ова е јасен сигнал дека жителите на Град Скопје ги препознаваат делата кои ги завршив во изминативе четири години. Ова е потврда дека сето она што е предвидено во предизборната Програма практично значи вистински развој за Град Скопје, рече Трајановски на денешната прес-конференција пред Канцеларијата за информации на граѓаните.

Тој ги замоли жителите на Град Скопје на 7 април да им ја дадат поддршката нему и на кандидатите за градоначалници на Центар, Бутел и Ѓорче Петров, Владимир Тодоровиќ, Петре Латиновски и Сокол Митровски.

На новинарско прашање дали се добиени конечните резултати за Центар, Тодоровиќ изјави дека за тоа се задолжени ДИК и ОИК.

Прашан за тоа дека кандидатот од СДСМ Андреј Жерновски не ги признава изборите во првиот круг и оти е направен фалсификат, Тодоровиќ рече дека за тоа постојат ОИК и ДИК, предводена од Борис Кондарко кој, како што рече, припаѓа на нивната коалиција.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?