Трајановски вети продолжување и проширување на „Првомајска“

Од:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Коце Трајановски и кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ го презентираа проектот за продолжувањето со реконструкција и проширување на булеварот „Борис Трајковски“ (поранешна Првомајска) кон населеното место Драчево.

– Ова е најклучна сообраќајна артерија на овој дел од Скопје, поради што веќе започнавме со реконструкција и проширување на оваа улица. Досега во две фази ја реконструираме на потегот од „Рампа“ до крстосницата со улицата „Народни херои“ во должина од 1.380 метри, и во втората фаза од булеварот „Србија“ до почетокот на поранешната фабрика стаклара во должина од 1.200 метри. Со тоа жителите на Кисела Вода добија нов модерен, брз и ефикасен булевар. Ние нема да запреме тука и ќе продолжиме со реконструкција и проширување кон населеното место Драчево за што во изборната програма се предвидени 120 милиони денари, изјави Трајановски на презентација на проектот.

Тој додаде дека динамиката на реконструкцијата и проширувањето на овој дел од улицата „Борис Трајковски“ ќе зависи од решавањето на бројните имотно правни проблеми, напоменувајќи притоа дека за реализација на претходните фази се решени околу 440 вакви случаи.

Со реализацијата на овој проект, рече актуелниот и кандидат за иден градоначалник на Скопје Коце Трајановски, ќе продолжиме со подобрувањето на сообраќајот во овој дел на Скопје, каде од оваа сообраќајница зависат околу 150.000 жители.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“