(ВИДЕО) Трајановски повторно без мерки против загадувањето, се надева дека новата Влада ќе објави тендер за гасификација

Од:

И покрај сите апели и протестот против загадувањето, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски повторно без конкретни мерки против загадувањето по средбата со градоначалниците на општините во Скопје.

Наместо да донесат некакви мерки, градоначаниците само дискутирале за можни решенија, како апел до БЕГ и енергетика да размислат за намалување на цената на парното греењето, субвенционирање на топлификациона мрежа, во зградите со топлотна енергија да се направи сите станови да бидат вклучени, субвенционирање за купување на велосипеди и печки на пелети со што се смета дека на тој начин ќе се намали загадувањето во Скопје.

Трајановски рече дека на средбата се разговарало и за изготвување на правилник за користење на цврсти горива со што во догледен период ќе се забрани употребата на јаглен кое што е индустриско гориво со што сериозно се загадува животната средина.

– Со градоначалниците дискутиравме да се вклучат во субвенционирање на граѓаните и за останатите видови на загревање кои што ќе ги има во домаќинствата при што секоја од општините ќе направи анализа за оваа мерка, рече Трајановски.
Во врска со гасификацијата, Трајановски изјави дека се надева дека со новата Влада ќе биде конечно објавен тендер за гасификација на Скопје бидејќи како што рече, првиот тендер пропаднал.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан