Трајановски на увид на повеќе градежни локации

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева денеска извршија увид на градежните работи на проширувањето и реконструкцијата на улица „Борис Трајковски“ (поранешна Првомајска).

Трајановски се осврна на градежните работи кои се одвиваат на повеќе локации во Скопје, наведувајќи дека најголемиот број од нив се во завршна фаза. Притоа тој упати извинување до граѓаните за застојот во сообраќајот и побара трпение од нивна страна до завршувањето на градежните работи.

Потоа, Трајановски и Мишева извршија увид на изградбата на втората фаза од реконструкицата на булеварот „Митрополит Теодосиј Голованов“, како и на новиот рекреативен парк до него кој што е со вкупна површина од 30.000 квадратни метри.

За време на овој викенд поради градежни активности целосно затворени за сообраќај се улиците „Борис Трајковски“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“, како и мостот на Реката Вардар помеѓу општините Ѓорче Петров и Сарај.

Покрај на овие локации, во моментов градежни активности се одвиваат и на улицата МАНАПО, третата фаза на булеварот „Илинден“, втората фаза од улица „Козле“, како и на кружните текови на улица „Боца Иванова“ во Бутел и „Лазо Трповски“ во општините Бутел и Чаир.

Би можело да ве интересира

Во амбуланта почина 36-годишна жена од скопско Кадино

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

Мртва жена е пронајдена во нејзиниот дом во Скопје

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Паднати дрвја, поплави и сообраќајни пречки на неколку локации во Скопје

Горан Наумовски