Трајановски ќе го решава проблемот со водоснабдување во Ченто, Стајковци, Синѓелик и Инџиково

Од:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски, денеска го промовираше проектот за подобрување на водоснабдувањето во населените места Ченто, Стајковци, Синѓелик и Инџиково во Општина Гази Баба.

– Со години наназад овде има проблеми со водоснабдувањето бидејќи постоечкиот систем за водоснабдување бил проектиран во време кога во овие населени места имало далеку помал број на жители. Со зголемувањето на бројот на населението и бројот на градби се зголемува и потребата од користење на вода. Доколку не се интервенира, за 4 до 5 години населението во овие населени места ќе има сериозен проблем со водоснабдување, изјави Трајановски.

За надминување на овој проблем, тој предлага да се изгради нов систем за водоснабдување или негова надградба. Се работи за изработка на цевковод од Агросервис до резервоарите во Ченто и изградба на нови резервоари.

– Дополнително, потребно е да се донесе и поголема количина на вода до Агросервис и за таа цел Градот Скопје и ЈП “Водовод и канализација” – Скопје ќе реализираат и проект за превземање на вода од влезната порта кај населеното место Железара и од таму до Агросервис со што ќе се зголеми капацитетот на вода, рече Трајановски.

Со овој проект ќе се реши проблемот со водоснабдување за наредните 40 години за над 30.000 жители на овие населени места. Вредноста за реализација на овој проект е проценета на околу 3,3 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ