Трајановски и Митровски го промовираа проектот за проширување на улицата „Волковска“

Од:

Коце Трајановски и Сокол Митровски, кандидатите за градоначалници на Скопје и Ѓорче Петров, го промовираа проектот за проширување на улицата „Волковска” во Волково.

„Станува збор за реконструкција и проширување на патот од центарот на Волково до последната автобуска станица на автобусот со број 22 во должина од 1,5 километри. Со изградбата на овој потег, ќе може да сметаме дека целосно е реконструиран патот од пругата во населеното место Ново Село до последната автобуска станица број 22“ ,изјави Трајановски.

Тој се осврна и на реализираните проекти на овој дел од Ѓорче Петров, посочувајќи ги реконструкцијата на улицата и тротоарите на потегот од пругата до почетокот на Волково, како и поврзувањето на ова населено место со обиколницата, за чија реализација Градот Скопје одвои околу 40 милиони денари.

Наведе и проекти планирани во изборната програма за 2013-2017 година, меѓу другото и изградбата на пречистителната станица во Волково, каде Градот Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ учествуваат со 30 милиони денари. Со реализацијата на овој проект целосно ќе се решат проблемите со фекалните води во Волково и останатите околни населени места.

Трајановски потенцира дека досега реализираните проекти се резултат на одличната соработка со градоначалникот Митровски и дека таа ќе продолжи и во иднина создавајќи дела за Општина Ѓорче Петров и Волково.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, изрази благодарност до гласачите коишто му ја дале довербата во првиот круг од локалните избори. Нагласи дека делата и во иднина ќе останат нивна заложба и оти се надева дека граѓаните на општина Ѓорче Петров на 7 април повторно ќе го дадат гласот за него и за Коце Трајановски.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември