Трајановски и Митровски го промовираа проектот за проширување на улицата „Волковска“

Од:

Градоначалниците и кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за нов мандат на Град Скопје и на Општина Ѓорче Петров, Коце Трајановски и Сокол Митровски, денеска го промовираа проектот за проширување на улицата „Волковска” во Волково.

– Станува збор за реконструкција и проширување на патот од центарот на Волково до последната автобуска станица на автобусот со број 22 во должина од 1,5 километри. Со изградбата на овој потег, ќе може да сметаме дека целосно е реконструиран патот од пругата во населеното место Ново Село до последната автобуска станица број 22, изјави Трајановски.

Тој се осврна и на реализираните проекти на овој дел од Ѓорче Петров, посочувајќи ги реконструкцијата на улицата и тротоарите на потегот од пругата до почетокот на Волково, како и поврзувањето на ова населено место со обиколницата, за чија реализација Градот Скопје одвои околу 40 милиони денари.

Наведе и проекти планирани во изборната програма за 2013-2017 година, меѓу другото и  изградбата на пречистителната станица во Волково, каде Градот Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ учествуваат со 30 милиони денари. Со реализацијата на овој проект целосно ќе се решат проблемите со фекалните води во Волково и останатите околни населени места.

Трајановски потенцира дека досега реализираните проекти се резултат на одличната соработка со градоначалникот Митровски и дека таа ќе продолжи и во иднина создавајќи дела за Општина Ѓорче Петров и Волково.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, изрази благодарност до гласачите коишто му ја дале довербата во првиот круг од локалните избори. Нагласи дека делата и во иднина ќе останат нивна заложба и оти се надева дека граѓаните на општина Ѓорче Петров на 7 април повторно ќе го дадат гласот за него и за Коце Трајановски.

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори