Трајановски: Централна пошта да стане Градски инспекторат и Центар за урбано планирање

Од:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“, Александар Трајановски, најави конкретен план за обновување на Централната Пошта и нејзина трансформација во Градски инспекторат и Центар за урбано планирање.

„Ги засукуваме ракавите и влегуваме во директна пресметка со дивоградбите и урбаното дивеење во градот Скопје и општините. Повеќе нема да има недопирливи згради, бесправни градби и хаотичен развој. Време е институциите да си ја вратат својата сила,“ изјави Трајановски.

Со овој потег, еден од највпечатливите објекти на скопскиот модернизам ќе добие нова јавна функција со вистинска корист за граѓаните – место каде ќе бидат обединети сите градски инспекции и урбанистички служби, во транспарентен и ефикасен систем.

„Централната Пошта е дел од нашето културно наследство, но и од нашиот градски срам – ја оставивме да пропаѓа. Наместо да ја рушиме, ќе ѝ дадеме нова улога. Таа ќе стане симбол на ред, контрола и паметно урбано управување,“ изјави Трајановски.

Новиот Градски инспекторат ќе обедини повеќе од десет инспекциски служби – урбанистички, градежни, комунални, еколошки и сообраќајни. Просторот ќе биде отворен за јавноста, архитектите и стручната фела, со современи канцеларии, дигитални системи и сали за јавни консултации.

Дел од поширока визија – „Поправка на она што вреди“

Оваа иницијатива е дел од визијата за „поправка на она што вреди“ – враќање на животот во објектите што го обликуваа идентитетот на Скопје.
Во истиот план се предвидени и:
• ГТЦ – нов дом на градската администрација, младите и културата,
• Кино Милениум – обновен културен простор и филмски центар,
• МКЦ – проширен центар за современа уметност и независна сцена.

„Скопје не треба да се гради одново – треба да се обнови со памет и љубов. Градот го измалтретиравме доволно, време е да го лекуваме,“ порача Трајановски.

Би можело да ве интересира

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини