Трајанов: Ќе се случат промени во Република Македонија

Од:

Граѓаните ќе гласаат за промени и ќе се случат промени во Република Македонија, рече денеска по гласањето  лидерот на ДС и носител на кандидатската листа за пратеници во ИЕ1 од Колаицијата за промени и правда Павле Трајанов.

– Според сите проценки денеска имаме референдумско изјаснување на граѓаните. Од утре битно е сите заедно да градиме единство, со цел да изградиме платформа за помирување меѓу левицата и десницата, за да престанат поделбите во Македонија, истакна Трајанов.

Порача сите заедно да ги засукаат ракавите и да работат на стабилизирање на состојбите и да се врати животот во Македонија.

– Мора да градиме систем во кој ќе владее правото, а тие што го кршеле Уставот и законите да понесат одговорност. Се надевам дека никој нема да се обиде определбата на граѓаните да ја сруши во текот на денот, а резултатот треба да бидат одраз на реалната и вистинската определба на граѓаните, изјави Трајанов.

Според него, до крајот на денот не очекува дека нешто ќе се случи, иако, како што рече, се слушаат разни дезинформации.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он