Трајанов: Груевски го губи тлото под нозете

Од:

Централниот изборен караван на Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА, денес престојуваше во Прилеп, каде Павле Трајанов, Претседател на Демократски Сојуз и Слободан Богоески, носител на листата за пратеници од четвртата изборна единица, остварија голем број на средби со граѓаните.

На прес конференцијата Павле Трајанов изјави дека Никола Груевски го губи тлото под нозете, избезумен е од сознанија дека му се ближи крајот и дека Коалицијата за ПРОМЕНИ И ПРАВДА има сѐ поголема поддршка како силен политички блок.

„Видливо е дека Груевски и понатаму е во нок-даун од аперкатите на Слободан Богоески. Ќе има нова рунда, само Груевски предвреме да не го напушти рингот. Го повикувам на ТВ дуел, за народот да направи разлика. Да види кој е државник, а кој го ограби народот“, рече Трајанов.

Тој во нивната програма најави укинување на радиодифузна такса, намалување на судската такса на 100 денари, отворање на 30 000 мали фирми за вработување на младите кадри, минимална плата од 300 евра, минимална пензија од 200 евра, како и решавање на есенцијалните економски проблеми на бранителите.

Носителот на листата за пратеници во ИЕ 4, Слободан Богоески и вториот на листата Д-р Ношпал остварија средби со граѓаните на Прилеп за да се запознаат со најактуелните проблеми со кои се соочуваат.

„Ние гарантираме стабилност, владеење на правото, услови за економски развој, како и шанса за младите да просперираат, а најуспешните наши менаџери да се вратат од странство“, рече Богоески.

Би можело да ве интересира

Трајанов: Џафери не може да прифати Собранието да расправа – добивме една страна, не го задоволува Деловникот

Катерина Ѓуровски

Трајанов: Загадувањето е борба со мафијата, да се свика Советот за национална безбедност

(ВИДЕО) Трајанов: ДПМНЕ користеше нелегални механизми да влијае врз граѓаните, сега немаа таква можност затоа и изгубија

Наум Локоски

Трајанов во Гевгелија го претстави проектот борба против криминалот

Емир Латифовиќ

ФОТО: Павле Трајанов доживеа сообраќајка

Емир Латифовиќ

Демократски сојуз: Народот одлучува

Емир Латифовиќ