Трагедија на „Радишанска“: Загина мотоциклист, а 46-годишник е обвинет и за бегство од местото на несреќата

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка гони 46-годишник осомничен за – Тешките дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и за Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Осомничениот, тврди ОЈО, пред два дена, околу пладне, управувал автомобил „сеат алтеа” по улицата „Радишанска”. На крстосницата со улица „18”, на која сообраќајот не е регулиран со знаци, свртел во лево без да ги пропушти возилата кои доаѓале од спротивна насока. На тој начин го пресекол патот на мотоцикл „кавасаки” кој од спротивната страна на крстосницата го задржувал правецот на движење.

– За да избегне директен судар со автомобилот, мотоциклистот отишол во лево, преминувајќи на коловозната лента наменета за движење возила во спротивна насока. Но, таму со предниот дел од моторот удрил директно во автомобил “алфа ромео” кој доаѓал од спротивната страна. Од силата на ударот мотоциклистот Никола Макрачевски излетал, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди од кои починал, а полесно бил повреден и возачот на автомобилот „алфа ромео”, велат од ОЈО.

Осомничениот, наместо да укаже помош на повредените, по несреќата го напуштил местото.

– Со цел обезбедување на лицето во текот на постапката, јавниот обвинител предложи да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува во Судот, привремено одземање на патната исправа и одземање на возачката дозвола, извести Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси едно лице по несреќата во Скопје во која загина 19-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

Сообраќајка во центарот на Скопје – повреден е мотоциклист

А1он

Тешка сообраќајна несреќа, загина момче од Нови Пазар

Мотоциклист загина во сообраќајка во Скопје

Горан Наумовски

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски