Традиционалното капење на рибарите во Охридското Езеро

Од:

Дваесеттина граѓани на Охрид, меѓу кои и неколкумина гости во градот и туристи, денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро, продолжувајќи ја традицијата на охридските рибари на православниот празник свети Јован Крстител да се капат во Езерото и на тој начин да го одбележат почетокот на риболовната сезона.

За посетителите што денеска беа на Сараиште беше обзбедено бесплатното вино, греана ракија и пржена плашица, како и порција од рибната чорба што приготвува во голем казан.

Оваа година за приготвување на рибната чорба беа употребени 380 килограми риба, за приготвување околу 1.500 литри или околу шест илјади порции рибна чорба.

– Ова е шести пат како се приготвува риба чорба на овој начин. Подготовките за чорбата се извршени претходно од страна на дваесттина ученици и професори од Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, додека тука на лице место само се вари чорбата, рече професорот Блаже Јорданоски, главниот готвач на рибната чорба.

Денот на рибарите во Охрид е една од најкарактеристичните манифестации што се одржуваат на Богојавленските празници, како датуми од календарот што привлекуваат поголем број гости во градот надвор од главната туристичка сезона.

Славењето на свети Јован Крстител или Денот на рибарите е потсетување на традицијата на капење на рибарите на денот кога се означувал крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на риболов. Во поново време на овој ден се одбележува почетокот на изловот на пастрмката за нејзино измолзување и вештачки мрест.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност