Традиционален „ЕУ појадок“ по повод Денот на Европа во организација на СЕП

Од:

По повод одбележувањето на Денот на Европа 9 Мај, Секретаријатот за европски прашања денеска го организира т.н. „ЕУ Појадок“.

На овој настан што традиционално го организира СЕП, се очекува да земат учество амбасадорите на земјите – членки на ЕУ, амбасадорите на земјите од Западен Балкан, поранешните вицепремиери за европски прашања, како и претставници од граѓанските организации.

Како што соопшти СЕП, на настанот ќе се обрати вицепремиерот Бујар Османи, евроамасадорот Самуел Жбогар, а кусо обраќање пред амбасадорите се очекува да има и новоизбраниот претседател Стево Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот