Товарно возило удри пешак во Делчево

Од:

Денес претпладне товарно возило удри пешак кој поминувал улица во центарот на Делчево. Според информациите на Марија Глигорова, директор на Здравствениот дом во Делчево, на пешакот неколку минути по повредата му е укажана помош од страна на Итната медицинска помош.

-Кај повредениот е констатиран удар во пределот на главата при што веднаш му е дадена соодветна терапија и лицето со возило е префрлено во Клиничка болница Штип, рече Глигоровска.

Повредениот е на возаст од над 60 години, додека според очевидци возачот бил на возраст од околу 30 години.
На местото на настанот излегла и екипа на Полициското одделение од општа надлежност – Делчево кои детали најавија за случајот најавија во текот на денешниот ден.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он