Тошковски: Одлуката на Владата со која беа поништени пет наредби донесени од моја страна е скандалозна

Од:

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски смета дека вчерашната одлука на Владата со која се поништени пет наредби донесени од, како што вели, моја страна е скандалозна и спротивна на законите.

-Една од петте поништени наредби се однесува на работник во Министерството за внатрешни работи кој се упатува да извршува работни задачи во управните служби во Ново Село каде се соочуваме со кадровски дефицит во делот на издавањето на лични документи, а со ваквата одлука на Владата практично се доведува во прашање функционирањето на оваа организациска единица, односно издавањето на лични документи на граѓаните на оваа Општина, напиша Тошковски на Фејсбук.

Останатите четири наредби, како што наведува, се однесуваат на советници од неговиот кабинет со кои им се даваат конкретни насоки за постапување.

– Со нивното поништување исто така се влијае на работата на Министерството на највисоко ниво, кое во претстојниот период треба да биде гарант за спроведување на мирен и демократски изборен процес, стои во објавата на Фејсбук.

Владата на вчерашната 10. седница, како второстепен орган, прогласила за ништовни пет наредби за кадровски прераспоредувања и распоредувања во подрачни сектори на МВР и во Бирото за јавна безбедност донесени од страна на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, бидејќи биле со едностран потпис.

Службата за односи со јавноста на Владата соопшти дека актите се прогласени за ништовни по укажување на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, дека со едностран потпис, само од страна на министерот за внатрешни работи Тошковски, се донесени пет наредби за кадровски прераспоредувања.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Истрагата за трагедијата во Кочани е во тек, досега се осомничени 68 физички и три правни лица

СДСМ: Тошковски да не ги штити неговите началници – за трагедијата во Кочани мора да има одговорност

А1он

Тошковски: Се надеваме дека за краток период ќе ја затвориме истрагата за пожарот во Кочани

А1он

Тошковски: Неприлагодена брзина е причина за сообраќајката во Кичево

А1он

Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Катерина Ѓуровски

Пријави за учесниците во протестот кои го демолираа кафулето на сопственикот на „Пулс“

Катерина Ѓуровски