Тошковски: Криминалот е на најниско ниво во последните 20 години

Од:

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција, порача дека МВР продолжува со модернизација и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.

На централната свеченост во кругот на МВР, Тошковски рече дека во изминатата година вкупниот криминалитет е намален за повеќе од шест проценти, а ефикасноста на полицијата достигнала 67,2 проценти.

„Вкупниот криминалитет е на најниско ниво во последните 20 години. Сузбиени се 16 организирани криминални групи со 205 лица, а реализирани се и повеќе постапки во борбата против корупцијата, вклучително и случаи од висок профил“, изјави Тошковски.

Тој нагласи дека паралелно со безбедносните активности, се работи и на подобрување на условите и услугите за граѓаните.

Според него, реновирани се управните служби во Скопје, отворени се осум нови управни служби низ државата, а по повеќе од 15 години набавени се 120 нови службени возила.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, порача дека полицијата ќе продолжи со „одлучна и системска“ борба против криминалните групи.

„Никој не е над законот, без селективност, без привилегии и без компромис“, рече Јанев.

Пред почетокот на свеченоста, делегации на МВР положија цвеќе на спомен-обележјата на загинатите полициски службеници.

Одбележувањето на Денот на македонската полиција продолжува попладнево во Градскиот парк во Скопје со изложба на полициска опрема и музичка програма.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Нападите врз дипломатски објекти нема да останат неказнети

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

Тошковски ги отфрли барањата за оставка: Резултатите на МВР се најдобри досега

Горан Наумовски

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка

Тошковски: Никогаш нема да ја заборавиме жртвата на загинатите полицајци во Диво Насеље

(ВИДЕО) Директорот на инспекторатот за земјоделие уапсен во гаражата на Трипуновски, Петровска го прозва Тошковски