Торакална хирургија доби нов хируршки столб за попрецизни хируршки процедури

Од:

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска ја посети Универзитетска Kлиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Министерството за здравство за потребите на пациентите и Клиниката набави хируршки столб Торакоскоп, со што се овозможи систем од најновата генерација од американскиот производител Arthrex, да се користи на оваа клиника.

Овој апарат е наменет за изведување минимално инвазивни ендоскопски торакално-васкуларни процедури во делот на белодробие, како стандардни, така и специфични.

Системот овозможува многу подобра визуелизација на крвните садови во однос на конвенционално бело светло, со што се олеснува и забрзува хируршката интервенција.

Со технологијата која ја има апаратот се овозможува одлична визуелизација на проток на крвта пред, за време и по хируршката процедура, како и полесна идентификација на граници на одредени ткива, со што се овозможуваат попрецизни и побрзи хируршки процедури.

Со овој современ апарат се овозможува проверка на васкуларни анастомози и перфузија, детекција на лимфни чворови.

Системот има автоматско внесување податоци, како и поврзување со корисници надвор од операциона сала преку интернет или компјутерска мрежа.
Хируршкиот столб е купен од Министерството за здравство, за потребите на Клиника за торакална хирургија и е инвестиција од 11,1 милион денари.

Би можело да ве интересира

Собраниска расправа за разрешување на министерот за здравство

Џафери за разрешувањето на Меџити и Алиу: Законски не може да има два опозициски субјекта во Владата

Орце Костов

Директорите на ДУИ за кои Меџити вчера кажа дека се на боледување, се „разболеле“ по директива на Груби

Александар Тодески

Меџити: Легитимен претседател на АА е Таравари, ја имаме поддршката од 83 делегати на Собранието

Катерина Ѓуровски

Меџити ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица

Меџити нема намера да даде оставка: Собранието и пратениците одлучуваат кој ќе биде министер

Александар Тодески