Топузова: Бруталниот однос на Тодоров негативно влијае врз пациентите

Од:

ЛДП реагира на  односот на власта кон лекарите, тие велат, се изложени на силен политички притисок од власта, што  е само потврда дека Македонија  е земја без демократски капацитет.

За ЛДП е несфатлив односот  на  министерот  за здравство, Тодоров, не само кон докторите и  останатиот медицински персонал туку и кон здравството во целост.

„Тој на самиот почеток, уште кога штрајкот беше во најава, преку злоупотреба на својата положба, со судска пресуда стопира еден цивилизациски, демократски, синдикален протест, за потоа да изјави дека не го гледа штрајкот, па истите тие невидливи  доктори да ги етикетира како партиски и поврзани со опозицијата, потоа да продолжи да ги навредува и нарекува неработници кои наводно се плашат од моделот плата по учинок, за сега, преку санитарни и трудови инспекции да врши притисок и прогон врз нив. Методи,  за жал,  својствени и веќе видени во едно минато  време на монтирани политички процеси и провокатори поткажувачи“, рече Роза Т. Каревска.

ЛДП, вели,н ајмалку има за цел  да ги брани докторите, затоа што тие, пред се, преку својата работа и  посветеност на пациентите самите најдобро го прават тоа.

Ние само застануваме во одбрана  на демократските придобивки како што се: изразувањето на сопствен став и мислење, организираното изразување на незадоволство и правото на штрајк. Особено сакаме да нагласиме дека бруталниот однос на министерот за здравство Тодоров што го манифестира кон докторите, кој патем не треба да биде својствен за човек одговорен за еден од најзначајните и најчуствителните сектори –здравство,  крајно негативно се одразува врз пациентите. Гонењето на докторите од страна на министерот Тодоров преку притисоци врз пациентите да го поткажуваат и клеветат медицинскиот персонал всушност претставува гонење на пациентите“, вели Топузова Каревска.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Граѓаните добиваат моќ:,Владата ја прифаќа нашата иницијатива за референдумско отповикување

Почина Филип Аврамчев

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ