Топло со ниски утрински температури, утре и задутре дожд

Од:

Времето денеска во утринските часови ќе биде посвежо, а преку ден сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната од 22 до 29 степени.

Во Скопје се очекува утрото да биде посвежо, а преку ден сончево и релативно топло.

Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Синоптичарите најавуваат период на релативно топло време.

Утре и задутре ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни и со услови за појава на грмежи.

Потоа, следува стабилно време со пораст на температурите.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно и топло, дневната температура од 26 до 34 степени

Денеска ќе биде променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Денеска променливо облачно и топло, попладне можност за локален пороен дожд

Денеска променливо облачно со локален дожд и засилен северен ветер

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Денеска променливо облачно и посвежо со сончеви периоди