Денеска променливо облачно и топло, дневната температура од 26 до 34 степени

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди.

Ќе дува умерен до засилен ветер до 40 километри на час од северен правец, особено во источните делови од државата.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 31 степен.

Според прогнозата на УХМР, од денеска до почетокот на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево со променлива облачност.

– Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во југоисточните делови од државата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Би можело да ве интересира

Облачно со сончеви периоди и северен ветер

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Денеска облачно со повремен локален дожд