Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Според најавите од Управата з ахидрометеоролошки работи (УХМР), во наредните денови ќе преовладува топло време.
Утре на повеќе места се очекува развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град.
Од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
