Тоне во ѓубре катната гаража спроти паркингот кај „Холидеј ин“, а услугите поскапуваат

Од:

Катната гаража „Разловечко востание“, која се наоѓа во центарот на Скопје, спроти паркингот кај хотелот „Холидеј ин“, „се дави“ во нечистотија и нефункционалност, револтирано реагира граѓанин, кој на социјалните мрежи објави фотографии од состојбата во која се наоѓа катната гаража.

Според објавата, АД за изградба и стопанисување на станбен и деловен простор двапати во краток период ја зголемило цената за месечно паркирање, која се удвоила, од 1.000 на 2.000 денари.

„Немаше да ме погоди ТОЛКУ ова поскапување доколку состојбата на катната гаража е онаква каква што се очекува да биде, а не центар за одгледување на разно-разни болештии и вируси. Нема да ме изненади и да се врати црната чума или што уште не … Ѓубре расфрлано на кое може да му позавидат и некои мини депонии, мочки и фекалии, бездомни кучиња, секојдневни собиранки на групи тинејџери на покривот а со нив и уште и уште ѓубре, лифтови расипани, осветлување прегорено, искршени кваки на вратите. Одговорно тврдам дека ѓубрето кое е расфрлано не е исчистено повеќе од една година. „Разловечко“ е се’, само не катна гаража … За другиве гаражи под ваша надлежност не можам да зборам бидејќи не сум ги користел услугите, ама сум сигурен дека ситуацијата е слична“, пишува во објавата на Фејсбук.

Според граѓанинот кој ги сподели фотографиите, за безредието кое владее во катната гаража делумно се одговорни и корисниците, кои ги паркираат своите возила на несоодветни и необележани места.

„На одредени нивоа си се паркираат на места кои не се обележани како паркинг места и со тоа го отежнуваат а понекогаш и оневозможуваат нормалниот проток на возила помеѓу катовите. Повеќето паркинг места за инвалиди на пониските нивоа се заземени од “манги” со бесни коли, пошто, нали-овај, сите се небитни за нив. Битно тие си се паркирани на пониско ниво и друго не е важно. Немате систем на санкции, ниту одоговорно лице кое може да го обесхрабри ова дрско однесување. За мене е небулозно некоја гаража да нема инструменти и да не може да се справи со непрописно паркирани возила“, вели тој.

„Се надевам дека со екстра профитов што ќе го направите со новово поскапување ќе обезбедите служба за одржување хигиена, ќе се погрижите да се обнови/поправи инвентарот и ќе воведете ред во гаражава како што доликува за таа цена што ја плаќаме. Надежта последна умира, нели??“, им се обраќа тој на надлежните.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен