Томовски: Зошто Владата молчи за предлогот бугарските позиции да влезат во рамка за преговори во ЕУ?

Од:

„Зошто владата нема став за предлогот за Македонија кој беше објавен во медиумите. Вчера во медиумите беше објавен таканаречен предлог каде наводно се вели дека земја членка ќе предложи тргање на ветото за Македонија од Бугарија, а за услов ќе биде обврската бугарските позиции изразени преку бугарската декларација, договорот за добрососедство и барањето за промена на Уставот да станат дел од преговарачката рамка во преговорите со Македонија“, рече Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Досега официјална потврда нема од релевантните извори, додека владата на Македонија молчи. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ на ниту еден начин не е информирана за овој предлог, а владата одамна ги крие преговорите од ВМРО-ДПМНЕ се чувствуваме повикани да потенцираме и апелираме на неколку работи, пред се водени од можните штети и катастрофалните последици кои може да се случат.

Прифаќањето на таканаречениот предлог значи бугаризација на Македонија и сето тоа да стане дел од преговарачката рамка и услов на кој мора Македонија да се согласи за да стане членка на ЕУ.

Ова значи или ќе прифатиме бугаризација на државата или нема да се исполни условот, а Македонија би останала вечно пред портите на ЕУ.

Воедно не ја исклучуваме можноста овој предлог да биде искористен како маша на противниците на идејата за Европската Унија, и воедно да се влијае на создавање на евроскептицизам.

Главното прашање после ваквиот нокаут за дипломатијата на Ковачевски и Османи е што правеа додека се пишуваше таканаречениот предлог? Зошто молчат и кој е нивниот став за оваа катастрофа.

Ковачевски се смешкаше на провокацијата дека сме Западна Бугарија, а денес молчи за таканаречениот предлог.

Ако цената е да се направи бугаризација а за возврат да се интегрираме во ЕУ тоа е цена која не сме подготвени да ја платиме бидејќи жртвувањето на идентитетот за ВМРО-ДПМНЕ нема цена.

Предлогот е пораз за дипломатијата и пораз за Македонија. Мора да се стави крај на поразите, тапкањето во место и ударите врз идентитетот затоа што е премногу.

Затоа ве повикуваме и на масовен протест за промени пред влада утре со почеток во 20 часот“, изјави Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ