Томовски: „Јака работа“ завршил антикорупцискиот тим на СДСМ, го објавиле мојот број кој е јавно достапен, за клеветите следува тужба

Од:

Директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата Ивица Томовски преку објава на Фејсбук најавува тужба за клевета против СДСМ.

– Јас не сум сопственик, не приходувам и немам никаква директна врска со споменатата компанија. Досега не чув каков криминал сум направил, ниту пак видов докази за тоа. Во тоа нивно растурање пердуви, вчера жигосаа уште една домашна компанија која не е моја, а денес јавно го објавија мојот телефонски број – број кој е познат на сите кои ме познаваат, кој го имам со години и кој е единствениот број што го поседувам, доделен пред многу години од мојот татко. На истиот тој број можеа да се јават и да се извинат, но тие одбраа да одиме по судски пат. Затоа уште еднаш повторувам: ќе одговараат, и следува тужба. „Јака“ работа завршил антикорупцискиот тим на СДС – го нашле мојот број што сите го знаат и е на мое име, пишува во фејсбук објавата на Томовски.

Во однос на тендерите, Томовски вели дека не гледа криминал во тоа што фирма која не е негова учествува и победува на тендер.

– Од оваа партија два дена повторуваат: „не се извинуваме на криминалци“. Да бидам искрен, знаејќи од каде доаѓа сето ова, и од стравот и фрустрираноста на ваквите „тастатура-политичари“, не ни очекував извинување. Затоа што, за да го направат тоа, е потребно образ, храброст и морален дигнитет – нешто што одамна е докажано дека го нема ниту Заев, ниту неговиот најдобар ученик со најлоши навики – Венко Филипче. Затоа што, ако имаа барем дел од тоа, прв Филипче ќе се извинеше за Заев, кој од Дубаи, освен што командува партија и бизниси, пишува и соопштенија. Едниот објавуваше „бомби“ – разговори. Другиов, наследникот, објавува пуфки и прскалки што треба да разнесат пердуви, по што човек тешко може да се објасни. Тоа е облакот во кој јавноста треба да поверува дека „сите се исти“, дури и тогаш кога разликата е над двесте илјади гласови – колку што беше разликата со која загубија на последните избори, доказ дека се маргинализирана и од народот заборавена партија, напиша Томовски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ги прекори опозициските партии дека и по неколку дена не усогласиле став за Изборниот законик, СДСМ експресно му одговори

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки

СДСМ: Се разоткри вистинската цел на власта околу измените на Изборниот законик

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски

СДСМ: Народот едвај преживува, Владата нема одговор на растот на цените

Горан Наумовски