Томовски: 18 милиони евра за пропадната еврообврзница и кејфот на Ковачевски, а луѓе умираат зошто нема лек за цистична фиброза

Од:

„Игор Пехчевски, кој фотографиран со транспарент во болнички кревет обелодени за проблемот со недостиг на лекот „трикафта“ со кој се лекуваат пациентите со цистична фиброза, се уште не го добил лекот“, напиша Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи.

„Проблемот како што кажува владата се 20 милиони евра кои се потребни за овој лек. Не се работи за недостиг на пари, туку за недостиг на способност и волја да се помогне.

Пари има. Само 18 милиони евра владата изгуби, и потроши на пропадната евро обврзница и тука се работеше за борбата на суети на министерот за правда кој го разрешија, и премиерот кој беше подготвен да пропаднат 18 милиони евра само да нема повредена суета.

Но таквата нивна лична игранка не го решава проблемот на Игор кој и понатаму нема добиено лек. 18 милиони евра за пропадната еврообврзница и кејфот на Ковачевски, а луѓе умираат зошто нема лек за цистична фиброза. Ете толку се неспособни, алчни и криминални“, додава Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела