ВИДЕО: Толпа од десетици луѓе паднала на концертот на Цеца

Од:

Организацијата на вчерашниот концерт на Цеца во Охрид била на многу ниско ниво, тврдат очевидци за А1он.

Големата посетеност и несоодветната организација за влез во стадионот довело до чекање на посетителите и до два часа.

ceCA-ohridd (1)

При влезот на посетителите на концертот, во еден момент се случил инцидент во кој паднала топла од околу педесетина луѓе кои чекале ред да влезат внатре во стадионот Билјанини Извори.

ceCA-ohridd (4)

Најпрво не беа обележани влезовите. Луѓето долго чекаа да влезат, ги тресеа оградите и свиреа во знак на револт за слабата организација. Кога едвај стигнавме до еден од нив, ни рекоа дека тоа бил вип влез и дека мора да одиме на другиот. Откако се вративме и се наместивме во редот за другиот влез наеднаш педесетина луѓе паднаа, а најмногу настрадаа оние кои беа веднаш до оградата – вели една од посетителките за А1он.

ceCA-ohridd (5)

За среќа целиот инцидент поминал со мали гребнатини и лесни телесни повреди. Исто така, во медиумите проструи информацијата дека и озвучувањето не било баш во најдобар ред, на што наводно се жалела и самата Цеца.

ceCA-ohridd (2)

Во јавноста имаше огромни критики зошто токму во очи на еден од најголемите македонски празници, Илинден да пее токму Цеца во најголемото туристичко место.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Се буните сите, а пола Македонија е со бугарски пасош – Никола Станишиќ ја брани Цеца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски