Тодоровиќ: Втор мандат не сакав, а за црната кампања против Жерновски не знаев

Од:

Владимир Тодоровиќ во интервју за порталот МКД.мк  вели дека црната кампања против Андреј Жерновски била сосема непромислен потег.

„Верувајте, јас не знаев за тој дел од кампањата. Изборниот штаб на ниво на Центар го водеше министерот Јанакиески и од тие мои контакти јас навистина не знаев што се подготвува. Не сум сигурен, но можеби дел од таа кампања ја спроведе, сосема своеволно и дел од Унијата на млади сили на партијата мислејќи дека на таков начин ќе го дадат својот придонес, не проценувајќи дека ќе дадат контраефект. Јас за тоа навистина не знаев“, признава Тодоровиќ.

Тој се согласува дека негативниот дел од кампањата го даде својот контраефект и дека тоа било причина за уште поубедлив пораз.

Во однос на гласачите од Пустец, Тодоровиќ признава дека тие се појавиле, но посочува дека сите заборавиле дека сепак тоа се македонски граѓани, со легални документи и вели, не беше во ред кон нив, дел од јавноста, така да се однесува.

Признава дека не ја посакувал ни првата кандидатура за градоначалник.

„Но, сепак кога премиерот на една држава ви нуди една таква позиција, тогаш тоа е предизвик. Дадов сè од себе. Мислам дека навистина многу направивме за време на еден мандат. Јас и не сум член на ВМРО-ДПМНЕ. Мојот ангажман како градоначалник беше мојот одговор на поканата на премиерот. Јас не го посакував ни вториот мандат.

– Но нивните анализи, анкети покажуваа дека имаме шанси за уште еден мандат, имав повторна средба со премиерот… Имав три причини зошто не го сакав и вториот мандат – внуците за кои немав време да им се посветам, да си го чувам здравјето и бизнисот ми назадува. Но добро, во разговорот со премиерот заклучивме дека има решение за сево ова. И така е. Проектот „Скопје 2014“ е во завршна фаза. Јас прифатив, влегов во кампањата, иако сега некои зборуваат дека не сум бил заинтересиран, дека не сум бил доволно активен“, вели Тодоровиќ.

Тој изјави дека цената за „Скопје 2014“ и не е толку голема и дека проектот е транспарентен.

Би можело да ве интересира

За Кремљ избори во Романија се многу „чудни“

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Тесна предност за левичарите пред десничарите на претседателските избори во Полска

Илјадници Романци ја славеа победата на Дан на претседателските избори

Горан Наумовски

Излезни анкети: „Романскиот Трамп“ убедливо води на претседателските избори

Горан Наумовски

Чалмерс: Новата австралиска влада ќе се соочи со сенката на трговската војна меѓу САД и Кина