Тодоровиќ се откажа од изградбата на нов објект за општина Центар

Од:

Општина Центар ја повлече точката од дневен ред за изградба на нов објект. По синоќешниот протест на граѓаните и опозицијата, градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ го откажа планот инвеститорот ПЕРА КОНСТРАКШН кој го откупи земјиштето за 3000 денари по метар квадратен да изгради нов објект за општината, но само карабина.

Тодоровиќ ова го направил поради притисокот на опозицијата и шпекулациите кои се појавиле во јавноста. Сепак, одлуката била донесена откако денеска таму бил министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски. Целиот план се одлага за после локалните избори.

ПЕРА КОНСТРАКШН го доби тендерот на електронско наддавање, со кој се стекна со парцела во строгиот центар на градот, а освен за свои потреби, требаше да изгради и нов објект за општинаската власт, но само карабина. Сето друго, според опозицијата требаше да падне на товар на буџетот на Центар.

Според договорот, ПЕРА КОНСТРАКШН требаше да уплати банкарска гаранција за 15 дена, а рокот истече во понеделникот.

Граѓаните синоќа протестираа и беа револтирани како може Тодоровиќ и советниците од власта да го распродаваат за багателна цена имотот што не е нивни и без да ги прашаат жителите на Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар