Тодоровиќ: Опозицијата го напаѓа „Скопје 2014“ за да си ја оправда неспособноста

Од:

Проектот Скопје 2014 е мега проект, којшто тешко би можел да го реализира, која било власт во која било земја. Тоа што опозицијата го напаѓа неаргументирано и е само за да си ја оправда својата неспособност кога таа била на власт.

Ова го истакна вечерва на мини-митинг во населбата Буњаковец градоначалникот на Центар и кандидат за уште еден мандат на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ.

Тој осврнувајќи се на својата програма со која ја бара довербата за претстојните избори подвлече дека проектот „Скопје 2014“ треба да продолжи.

– Приказната за Центар мора да продолжи бидејќи Центар заслужува да го задржи епитетот европски, посочи Тодоровиќ.

Ја побара поддршката од присутните порачувајќи дека треба да гласаат за оние кои работат и кои оставија неповторливи дела, подвлекувајќи дека четири години тој и неговиот тим работеа на подобрување на животот и функционалноста на сите населби во општината. Потсети и на дел од реализираните проекти во општина Центар.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ