А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Тодоровиќ не се појави да сведочи, судењето за „Рекет“ одложено за утре

by А1он27/02/2020 - 11:211193
Share0

Поранешниот градоначалник на Општина Центар и сопственик на „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ, не се појави денеска во судот, каде што требаше да сведочи на рочиштето за случајот „Рекет“.

Добивај вести на вибер

Тој со писмен поднесок го известил судот дека од 25 до 28 февруари ќе престојува во Бугарија поради деловни обврски.

Судењето се одложува за утре кога одбраната треба да ги обезбеди сведоците Тодоровиќ и Лидија Јаневска, која исто за денешното рочиште имала неуредна достава на покана.

Случајот „Рекет“ е во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Владимир Тодоровиќ е еден од 12-те предложени сведоци од обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, а потоа треба да сведочи и сопственикот на „Пелистерка“ Цветан Панделески, еден од осомничените во случајот „Империја“ заедно со Орце Камчев.

Судијката Васка Николовска-Масевска информираше дека судот го одбива барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за укинување на мерката притвор. Јовановски и неговиот адвокат Сашо Дукоски континуирано бараат тој да биде пуштен во домашен притвор поради здравствени проблеми и потреба од посебни хигиенско-диететски услови.

Обвинението против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески Кичеец беше поднесено лани во октомври. Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“, по што беше осуден на три години затвор.

reketsudenjevladimir todorovic

Би можело да ве интересира

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Горан Наумовски30/04/2025 - 16:58

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Горан Наумовски08/03/2025 - 09:47

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он03/03/2025 - 15:56

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Горан Наумовски01/09/2024 - 09:37

Одложено судењето за „Шпански скали“

Горан Наумовски13/05/2024 - 10:2213/05/2024 - 10:23

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Горан Наумовски06/04/2024 - 20:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен