Тодоровиќ најави нова инфраструктура во Маџир Маало

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО–ДПМНЕ за општина Центар Владимир Тодоровиќ денеска најави нова инфраструктура во Маџир Маало.

Тој објасни дека по донесениот ДУП за Маџир Маало, обврска на општината е на 10-тина улици да изгради коловози, атмосферска и фекална канализација, улично осветлување и да постави нова урбана опрема.

– Прво ќе се почне со улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“, а потоа со „Вардарска“, „Охридска“, „Велешка“, „59“, „Петричка“, „Прилепска“, „Преспанска“, „Браќа Кошулчеви“. Вкупната инвестиција за овие улици е околу 70 милони денари, но има можност инвестицијата да чини и околу 100 милиони денари, рече Тодоровиќ.

Според него, тоа е голем инвестициски циклус што ќе го реализира општината во наредните неколку години.

Би можело да ве интересира

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски

Косово на прагот на нови предвремени избори

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата