Тодоровиќ најави изградба на пет спортски сали

Од:

Фискултурна сала во ОУ „Гоце Делчев“ во општина Центар е при крај, има уште околу два месеци работа. Инвестицијата е 24 милиони денари, изјави денеска кандидатот за градоначалник на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Тодоровиќ.

Тој истакна дека оваа сала е еден од капиталните проекти во општина Центар, по пуштањето во употреба на катната гаража кај комплексот судови, двата мостови и почетокот на изградбата на новата катна гаража кај „Нова Македонија“.

– Од буџетот на општина Центар се финансираат капитални инвестиции. Салата скоро во целост е спуштена под земја со цел да не се сопре светлината која е неопходна за училниците каде се изведува наставата, рече Тодоровиќ.

Заради специфичната градежна јама која требаше да се заштити, нагласи Тодоровиќ, можеби вкупната инвестиција ќе изнесува 28 милиони денари.

Тој најави дека општина Центар во соработка со МОН ќе изгради уште пет спортски сали, во ОУ „Кирил и Методиј“, во Средното фиксултурно училиште, во Домот за деца без родители „11 Октомври“ и во комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

– Општина Центар ќе остане посветена на градење капитални инвестиции со кои ќе го подобрува животот на граѓаните што живеат тука, како и на оние кои престојуваат во оваа локална самоупрва, рече Тодоровиќ.

Камелија Симоновска в.д. директор во ОУ „Гоце Делчев“ изјави дека салата е од огромно значење бидејќи досега училиштето немаше сала.

– Наставата се одвиваше во една адаптирана училница. Со ова ќе се овозможни не само подобрување на квалитетот на наставата туку и подобро здравје на учениците, рече Симоновска.

Во ОУ „Гоце Делчев“ во моментов учат 426 ученици.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?